Ако го погледнеме првото полувреме на натпреварот против Италија каде одбраната на „пик енд рол“ (два на два) играта беше поставена во „дроп“, тоа им овозможи на нашите бекови да постигнат поени и многу лесно да креираат во нападот и со самото тоа резултатски бевме во предност, но откако ја променија нивата игра во одбрана со „хард хелп“ (искокнување) и на момент превземање се појавија проблеми во реализацијата на нападот и протокот на топката.
Според мене два фактора беа пресудни за вчерашниот пораз. Првиот е начинот на кој Русите ја имаа поставено својата одбрана, односно како и Италија, одговорија на нашата „пик енд рол“ (два на два) игра, која што ја бранеа со искокнување. Со тоа се појавија истите проблеми како на првиот дуел, ја неутрализираа креацијата на нашите бекови и протокот на топката во напад. Вториот фактор е скок играта, каде што дозволивме противникот да ни направи 45 скока од кои дури 18 беа офанзивни.
Скок играта потфрли и на натпреварот со Италија каде што Италијанците имаа 43 скока од кои 11 офанзивни и на двата натпревари примивме голем број на поени. Во првиот 92, а на вчерашниот 94.
Мораме и верувам дека можеме многу подобро на следните два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА