Пишува: Драган Томовски
Фудбалот е таков…, дозволува секој да го гледа на свој начин. Селекторите и играчите се тие, со своите квалитети, особености…., маани и доблести. Па, најпопуларниот спорт секогаш е мета на коментари – умесни или неумесни.
Ние повозрасните, уште во поранешната држава зборувавме дека Југославија има 20 милиони селектори. Истите полемики продолжуваат сега и кај нас и после секој натпревар, како по успех така и по неуспех. Сега Македонија, официјално според попис, има еден милион и осумстотини илјади селектори. И тоа, нормално, тешко дека ќе се промени некогаш.
Но затоа, пак, убаво е вистинските фудбалски аналитичари, па и оние кај нас, со факти да ги презентираат нештата…
НА ШТО СЕ ДОЛЖИ УСПЕХОТ СО ИТАЛИЈА?
Заедно со големата честитка, нека малку ги „прочешламе“ фактите, кои нели се основа на секоја анализа.
Статистиката на мечот со Италија е неверојатна и скоро невидена дури и во светски рамки:
Иако секој коментар за стручните, оние кои знаат фудбал, е одвишен, малку да ја преведеме оваа статистика.
ОВА Е ВРВ НА СТРАТЕГИЈА, ПОСТАВЕНОСТ И ИЗВЕДБА
Кога ќе споредиме со кои сили и против која велесила играше Македонија, после вакви показатели мора да се оддаде огромно признание за планот и стратегијата, но и неверојатната изведба на истите од нашите херои – фудбалерите.
Со таков посед на топка и речиси тројно помалку реализирани додавања од противникот, да дојдете повеќе пати од противникот да го загрозите неговиот гол, да реализирате повеќе директни шутеви, повеќе офанзивни акции и корнери, и да постигнеш таков резултат, сведочи за извонредна поставеност, но и фантастична изведба и рационалност во играта.
Долго време сум во фудбалот, активно и со аналитика на истиот, но ова досега не сум го видел и забележал… И сега.
Боби Милевски. Можеш да го сакаш или да не го сакаш. Дека грешел, грешел. Но, после ваква игра, мораш да признаеш дека натпреварите фудбалски ги поставува беспрекорно од стручен аспект, за оние кои знаат и разбираат фудбал, и секогаш „вади“ од играчите-херои повеќе отколку било кој од нас очекувал. И овој натпревар сигурно не е единствениот овие години, само што кај нас не се коментира согласно стручните анализи, туку согласно емоциите. Ефектот е сигурно резултат и на одличната анализа на противникот и изборот на стратегија, во која учествувал целиот стручен штаб на репрезентацијата.
За да не бидам погрешно сфатен, сосема искрено, многу добро мислење имав и за работата на претходниот селектор Игор Ангеловски, кој во најголемиот дел на својот мандат (мали проблеми на почетокот и на крајот на мандатот) одлично ја водеше репрезентацијата.
Резиме направете сами.
МАЛТА ЌЕ БИДЕ ДВОЈНО ПОТЕШКО – МЕЧ СО „ДВЕ ОСТРИЦИ“
Наредниот натпревар со Малта ќе биде исклучително тежок. Можеби и потежок од оној синоќешниот.
Неверојатниот напор кој фудбалерите го направија против Италија, физичкиот замор на катастрофалниот терен, но и емоционалната испразнетост се најголемите проблеми, кои стручниот штаб ќе мора да ги решава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА