Ананиев го победи Бугаринот Господинов за бронза на Европското младинско првенство во борење

Младиот македонски борач, Марио Ананиев освои бронзен медал на Европското првенство за борачи до 15 години кое деновиве се одржува во Грција.

Извонреден успех за еден од најголемите македонски спортски таленти, борач на Бучим, кој во Грција на собирот на најдобрите на Стариот континент го потврди сиот свој потенцијал.

Ананиев во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми го совлада Валентин Господинов од Бугарија со 7-0.

Се вчитува...