Анастасија Мојсовска, трета македонска спортистка на ОИ во Париз

Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024. Тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели додека натпреварот според програмата на Олимписките игри ќе биде на 28 Јули 2024 година.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 годишна возраст но е докажана како стрелец кој покрај тоа што бил повеќе кратен Државен првак и рекордер на Македонија истата остварила високи резултати на меѓународните натпревари. Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.

Македонскиот Олимписки Комитет претходно објави дека наши претставници на ОИ во Париз ќе бидат Дарио Ивановски во атлетика и Мила Релјиќ во таеквондо.

Се вчитува...