Карло Анчелоти во вторникот и официјално стана тренер на Реал Мадрид, па тој веднаш започна да прави планови за следната сезона. Италијанецот подготвува целосен ремонт, па одлучил седум играчи да го напуштат кралскиот клуб ова лето, додека за засилувања сè уште не се зборува.
Меѓу звучните имиња кои се споменуваат дека ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ е капитенот на Реал, Серхио Рамос, Рафаел Варан и Иско.
Капитенот Рамос води војна со претседателот на клубот Флорентино Перез, која започна кога првиот човек на клубот не сакаше да му понуди нов договор со истите услови што ги има и сега. Политиката на Перез е во следниот период фудбалерите на Реал да се согласаст на намалување на платите, а со цел полесно да се преброди финансиската криза предизвикана од Ковид-19. Претседателот на „кралевите“ сака да заштеди и пари за да може ова лето да го донесе еден од најголемите фудбалските таленти на денешницата, фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Што се однесува до Варан, тој е член на клубот веќе неколку години, па Французинот е дојден до презаситеност, а честопати велеше дека би сакал да се испроба во англиската Премиер лига.
Репрезентативецот на Шпанија, Иско никогаш нема да ја добие улогата во Реал што ја посакувал со години, па разделбата би било најлогичното решение. Покрај споменатите тројца, на трансфер листата се очекува да бидат и Лука Јовиќ, Дани Себаjос, Маријано Дијаз и Мартин Одегард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА