Четвртфиналната пресметка за Реал Мадрид во Лигата на шампионите носи дуел против Арсенал. Првиот натпревар ќе биде одигран во Лондон па во пресрет утрешната средба од 21 часот за медиумите говореше Карло Анчелоти.
Реал Мадрид се наоѓа во турбоентен момент од сезоната, на натпреварот „кралевите“ влегуваат по поразот од Валенсија кој искусниот стратег верува дека ќе биде поука за успех во главниот град на Англија.
„Против Валенсија не бевме доволно храбри во одредени мигови и тоа доведе до непосакувани последици. Мораме да играме поагресивно и да напаѓаме повеќе. Ако се договориме меѓу нас дека нема да грешиме, мислам дека тешко може да загубиме. Не влевам лажен оптимизам, само реално ги согледувам работите. Имам чувство дека можеме да се кренеме и да се мотивираме. Нашата цел е јасна, да стигнеме до финалето и да се бориме за трофејот. Верувам дека и моите играчи го делат истото мислење“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА