Анчелоти: Бензема ги запали моторите… Модриќ и Крос се нешто врвно!

Реал Мадрид е огромен фаворит за трофејот во шпанскиот куп во финалето на 6. мај против Осасуна. Сето тоа благодарение на синоќешната беспрекорна победа над Барселона.

Реал ќе има можност да се бори за трофејот кој последен пат го освоија пред девет години кога во финалето ја победија токму Барселона.

Карло Анчелоти по синоќешната победа од 0-4 на „Камп Ноу“ не го криеше задоволството од совршениот натпревар на својот тим.

„Одигравме комплетен меч. Инаку, не би победиле со таков резултат. Камавинга е многу млад. Беше навистина добар, неверојатен против Рафиња. Модриќ и Крос? Ни требаа на овие натпревари, микс на енергија и искуство, тоа е за нас она вистинското. Врвно. А Бензема ги запали моторите. Му беше неопходна паузата. Уште една златна топка за него? Зошто да не. Уште е еден од најдобрите во светот“ – истакна Анчелоти по натпреварот.

Се вчитува...