Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше нерешениот резултат 1-1 против Атлетико Мадрид во градското дерби во 23. коло од шпанската Ла Лига.
Ова реми ја задржа разликата од еден бод на табелата во Ла Лига, на општо задоволство на Барселона, која вечерва игра против Севиља, и има шанси да се доближи поблиску до двата мадридски тима.
„Целосно ја контролиравме играта во вториот дел. Првото беше сосема поинаку. Пеналот се одрази на тимот. Игравме многу бавно во првиот дел, во вториот многу пошироко. Винициус и Родриго имаа свои моменти. Сите се жртвуваат. Атлетико се бранеше добро, и беа опасни во контранападите. Идејата беше преку крилата да играме во првиот дел, но и противничките бекови беа одлични. Вториот дел помина многу подобро. Тимот беше разочаран поради тоа што чувствуваше дека може да победи. Бевме блиску до победата, но мораме да бидеме среќни. И натаму сме на врвот на табелата“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

