Манчестер сити по седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите, е на границата за пласман во нокаут-фазата во најквалитетното европско клупско натпреварување. „Граѓаните“ во моментов се на 25. место, една позиција под цртата за шеснаестфинална фаза.
Сето тоа го радува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој вели дека би бил среќен ако Манчестер Сити не успее да обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
„Зошто да се лажеме, тоа би било одлична вест за нас и за сите конкуренти, затоа што, без разлика на тоа во каква форма во моментов се наоѓа, Манчестер Сити се уште е еден од главните кандидатит за повторно освојување на Лигата на шампионите“ – вели Анчелоти, притоа одговарајќи и за шансите на Реал за директно место во осминафиналето.
„Тоа не се знае со сигурност. Ние се фокусираме само на нашиот следен натпревар кој мора да го добиеме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

