Анчелоти бил многу вознемирен по свирежите на „Бернабеу“, сега уште има и ултиматум од клубот!

Непријатни денови за Реал Мадрид и Карло Анчелоти по убедливиот пораз од 5-2 од Барселона во Суперкупот на Шпанија.

Токму поради тој пораз, Анчелоти со свирежи беше пречекан на „Сантијаго Бернабеу“ на натпреварот од Купот на Шпанија против Селта Виго. Сето тоа исклучително го вознемирило искусниот стратег, иако како што пишуваат шпанските медиуми, за него тоа донекаде е разбирливо и прифатливо. Сепак, зборувајќи во кругови блиски во клубот Анчелоти потенцирал дека сето тоа е претерано ако се знае што се клубот постигнал овие години.

Сега, Анчелоти дополнително е вознемиран и со најавите за отказ од клубот доколку Реал Мадрид испадне рано од Лигата на шампионите. Реал во моментов е на 20. место со три победи и три порази. Му останаа уште натпреварите со Салцбург и со Брест и мора да го потврди пласманот во нокаут-фазата, односно доигрувањето за осминафинале.

Италијанскиот стратег добил ултиматум од клубот дека ќе мора да ја напушти клупата ако Реал не се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Се вчитува...