Анчелоти даде зелено светло: Азар прави кам-бек во Премиерлигата?!

Офанзивецот на Реал Мадрид, Еден Азар, најскапото засилување во историјата на „кралевите“ очигледно не успеа да се снајде во Шпанија, па сега веќе размислува за повторен трансфер во Премиерлигата.

31-годишниот офанзивен фудбалер за врска има само 73 настапи за „кралевите“ откако дојде од Челси во 2019 година и ја продолжи кариерата Ла Лига. Реал Мадрид не смета на него и поради големата плата посакува разделба, а се најавува дека Њукасл после Светското првенство во Катар би можел да го добие за 20 милиони евра. Реал на него ќе заштеди десетина милиони од сезона, без оглед што ќе биде во голема загуба во однос на тоа што го плати како трансфер пред три години.

Њукасл уште од летоска му фрли око на Азар, но тој се надеваше дека ќе го разубеди Карло Анчелоти за повеќе да го користи. Сепак, Белгиецот останува во втор план кај италијанскиот стратег, вака пренесуваат медиумите од Шпанија.

Се вчитува...