Анчелоти далеку од Бразил: Сакам да продолжам во Реал Мадрид

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, ги коментираше најавите од бразилската федерација дека би можел да биде идниот селектор на Бразил. Моменталниот тренер на Реал Мадрид ги демантира овие најави, и вели дека сака да биде дел од „кралевите“ до крајот на кариерата.

Во последно време се повеќе се споменува Анчелоти како нов селектор на Бразил. Тоа го откри и голманот Едерсон, кој на собирот на националниот тим кажа дека играчите на Реал му зборувале за Анчелоти.

Меѓутоа Анчелоти вели дека е среќен на клупата на Реал.

„Сакам да продолжам со Реал Мадрид. Среќен сум тука. Го кажав тоа веќе многу пати, и подготвен сум да ја завршам кариерата во Реал Мадрид“, изјави Италијанецот.

Договорот на Анчелоти со Реал му е до јуни 2024 година. 63-годишниот стручњак по вторпат се врати во Реал Мадрид, и успеа во првата своја сезона одново да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...