Карло Анчелоти експресно стави крај на шпекулациите дека се договорил да стане нов селектор на Бразил по завршувањето на оваа сезона. Трофејниот стратег јасно стави до знаење дека не само што нема никаков „дил“ со Бразилците, туку негова желба е да остане во Реал Мадрид до истекот на актуелниот договор, 30 јуни 2024 година.
Анчелоти го предводеше Реал Мадрид до двојна круна минатата сезона, а иако резултатите сезонава не се на посакуваното ниво искусниот стручњак не размислува за заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
„Не сум се договорил со Бразил, не знам од каде се тие лаги што ги изнесуваат медиумите од оваа земја. Воопшто немаме водено конкретни разговори, камоли да се постигне некаков договор на оваа тема. Вистината е една и единствена, јас сум под договор со Реал до 2024 година и размислувам само за овој клуб“, јасен беше во својот став Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

