Младиот бразилски напаѓач Ендрик (19) вчера беше официјално претставен како нов играч на Олимпик Лион, каде пристигна на позајмица од Реал Мадрид до крајот на сезоната. На прес-конференцијата, талентираниот напаѓач изрази огромна благодарност кон својот поранешен тренер во Реал, Карло Анчелоти, кој сега е селектор на бразилската репрезентација.
Ендрик откри дека пред да го потврди трансферот во Франција, имал искрен разговор со Анчелоти.
„Говорев со Карло за ова. Тој ми даде упатства што можам да направам за да се подобрам, и тоа навистина ме допре. Неговиот совет беше да заминам, да играм, да го развивам својот фудбал, да отидам таму каде што можам да играм и да бидам среќен. Одлуката е моја, но Карло одигра улога, бидејќи е одличен тренер“, изјави Ендрик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

