Тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо, упати огромни комплименти на адреса на Карло Анчелоти, истакнувајќи дека актуелниот стратег на Реал Мадрид за него е најдобар тренер во светот.
Гатузо имаше можност како играч да настапува под водство на Анчелоти во дресот на Милан, освојувајќи неколку трофеи заедно со овој одличен тренер.
„Карло Анчелоти секогаш знае како да влезе во главите на кошаркарите. Се чини дека е едноставно, но дефинитивно не е. Кога разговарам со фудбалер од 20 години, не можам да размислувам околу тоа како јас сум правел на таа возраст бидејќи се е различно. Морам да смислам како да му влезам во главата, да знам што го мотивира и како можам да го санкционирам некогаш, без целосно да му ја урнам самодовербата. Мислам дека психолошкиот аспект е најтешкиот во тренерскиот занает и затоа за мене најдобар тренер во светот е Карло Анчелоти. Просто неверојатно е како успева да им влезе во главите на играчи од четири различни генерации и секогаш да биде успешен“, изјави Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

