Анчелоти е пред отказ во Реал, но веќе има одлична понуда

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти е пред отказ во таборот на Реал Мадрид, иако „кралевите“ се на добар пат да ја освојат титулата во Ла Лига. Меѓутоа веројатно челниците на Реал нема да му простат евентуална елиминација од Лигата на шампионите, а ПСЖ има предност од 1-0 после првиот натпревар.

Меѓутоа веројатно отказот нема многу да го загрижи Анчелоти, кога станува збор за работата. Според информациите, отказ на Анлечоти со нетрпение чека Манчестер Јунајтед за да тргне по неговите услуги.

Со тоа Анчелоти би можел трет пат да се врати во Премиерлигата, откако претходно седеше на клупите на Челси, и на Евертон пред да се врати во Реал Мадрид. Покрај италијанскиот стручњак, во комбинација за клупата на Јунајтед се уште и Маурисио Покетино и Зинедин Зидан.

Се вчитува...