Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ конечно одигра половина час за Реал, и тоа во клучните моменти синоќа во гостинската победа над Наполи од 2-3 во Лигата на шампионите.
38-годишниот Модриќ претходно беше на клупата на дуелите против Лас Палмас и Жирона, а беше заменет на полувремето во дербито против Атлетико Мадрид. Анчелоти, сега го искористи токму во најважните моменти за тимот на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
„Ете, зошто Модриќ е толку голем. Затоа што секогаш знае да биде мотивиран и тогаш кога не игра и е малку лут. А, тоа го бара тренерот од играчот, секогаш да биде со силна волја за надигрување, без разлика на се, и без разлика кој е тој. Модриќ синоќа беше со максимална волја и тоа го почувствува целиот тим“ – истакна синоќа Анчелоти.
Модриќ, 38-годишниот играч од средниот ред, заигра откако Анчелоти го остави на клупата на претходните два натпревара против Лас Палмас и Жирона, а претходно го повлече од теренот на полувремето од дербито со Атлетико Мадрид.
Модриќ, кој со Реал Мадрид освои 23 трофеи од 2012 година, не е во стартниот тим оваа сезона. Анчелоти во новата формација 4-4-2 им дава предност на Џад Белингем заедно со Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

