Aнчелоти: Финалето во ЛШ секогаш е меч со две острици

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го најави денешното финале во Лигата на шампионите.

На другата страна на „Вембли“ ќе биде Борусија Дортмунд, а Италијанецот на интересен начин го најави финалниот дуел.

„Финалето во Лигата на шампионите е еден од најважните, но и еден од најопасните натпревари. Тоа е меч со две острици – мораме да уживаме во него што е можно повеќе, а сепак постојат грижи за една од најважните работи во фудбалот, а тоа е освојувањето на Лигата на шампионите. Мора да имате малку среќа, да играте добро и никогаш да не се изневерите самите себе. Ќе се појави страв, тоа е природно“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...