Роберт Просинечки, легендарниот храватски фудбалер кој во текот на кариерата ги бранеше боите и на Барселона и на Реал Мадрид го најави последното „Ел класико“ во сезоната кое може да го одлучи и шампионот во Ла Лига.
Просинечки доби интересно прашање дали „кралевите“ се во минус што ги предводи стратег кој е на заминување по што следеше интересен одговор.
„Анчелоти? Фраерот освои се што може да се освои за сега да говориме дали се во плус или минус. Веројатно дојде до заситување, долго години е таму. Не треба да говориме за неговиот квалитет, очигледно дека само сакаат промена“, изјави Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

