Карло Анчелоти беше лут на изданието на своите избраници во синоќешното реми (1-1) на гостувањето против Лас Палмас.
Лука Модриќ беше стартер на дуелот но тотално потфрли во средниот ред, како и поголемиот дел од останатите играчи на Реал. Поради повреда на Џуд Белингам, одлуката на Анчелоти беше Модриќ да биде стартер кој од страна на „Марка“ доби ниска оценка за својата игра.
По мечот Анчелоти го прозва Модриќ истакнувајќи дека играта била преспора, недостасува Крос, и тоа ќе биде проблем за кој ќе мора да се бара решение.
„Тешко ја наоѓаме минатогодишната цврстина, се мачиме да создадеме можност, се мачиме да ја освоиме топката, да најдеме рамнотежа. Ќе мора да најдеме брзо решение и мислам дека ќе го најдеме“ – вели Анчелоти и дополнува:
„Мора да бидам и јас појасен по прашањето на тактиката на терен и на играчите да им дадам јасна слика. Се игра споро без движење. Генерално проблемот е сосема јасен, во средниот ред каде тие играчи се мачат“.
Јасно е дека Анчелоти го потенцира недостатокот на Крос кој беше мозок во средниот ред со своите додавања кон напред задавајќи сериозни проблеми на противниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА