Карло Анчелоти е едно од најголемите тренерски имиња на 21 век, но и последната декада од минатиот век, кој зад себе има бројни трофеи.
А, првите забележителни резултати како тренер Анчелоти почна да ги бележи на клупата на Парма, што потоа му овозможи преземање на Јувентус. Но, престојот во торинскиот клуб беше тотално фијаско за него.
Самиот Италијанец признава дека тие две години на клупата на Јувентус му донеле очајно искуство на ккое нерадо се сеќава.
„Ме мрзеа затоа што играв за Милан, а често од стадионот заминував и со придружба на полиција. Да стравуваш од своите навивачи. Не освоивме титула, но двапати бевме втори. Не беше тоа добро искуство за мене. Не минав добро поради минатото во Милан, но научив и многу работи затоа што тоа е клуб на едно многу високо ниво“ – вели трофејниот тренер кој во тие две сезони титулите ги загуби во последнте кола во Серија А, и тоа од Лацио и од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА