Откако одигра 22 минути против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот, Ферланд Менди се повреди и нема да биде во составот за вечерашното финале од Суперкупот против Барселона.
Па, шпанските медиуми објавија дека клубот одлучил да го продаде и сега жали што соработката со него била продолжена претходно.
Ферланд Менди беше донесен за 48 милиони евра од Лион во 2019 година, а во една прилика поранешниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, рече дека тој е „најдобриот дефанзивец во светот“. Италијанецот инсистираше неговиот договор да биде продолжен.
Во тоа време, Реал штотуку ја освои Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез беше убеден да му понуди нов договор, иако сакаше да се раздели од него. Медицинскиот персонал го предупреди Перез дека Менди е многу кревок, но сепак му беше понуден договорот. Повредите продолжија да се случуваат и не престанаа оваа сезона, кога Французинот одигра само три натпревари.
Заклучокот на шпанските новинари е дека Реал Мадрид сега горчливо жали што го слушаше Анчелоти и ќе се обиде повторно да го продаде Менди. Неговиот договор сè уште важи до 30 јуни 2028 година.
Имаше неколку понуди до Реал Мадрид за Менди, но ниту една не беше задоволителна. Перез сака фер цена за Французинот.
Менди освои две титули во Лигата на шампионите во Мадрид, а трипати беше шампион на Шпанија. Но, Французинот, кој игра на позицијата лев бек, дефинитивно нема иднина во познатиот клуб и сега е само прашање каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој има 10 настапи во сениорската репрезентација на Франција, но долго време не е во плановите на „триколорите“, па затоа е очигледно дека златното фудбалско време за 30-годишникот практично е завршено, иако тој сигурно би можел да биде добра опција за клубот што ќе одлучи да го доведе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

