Италијанскиот калчолигаш Наполи влегува во мисија за ангажман на францускиот напаѓач Карим Бензема од европскиот првак Реал Мадрид. Новиот тренер Карло Анчелоти добро ги знае квалитетите на Бензема од периодот кога беше предводник на „кралевите“ и би сакал да го има во составот на Наполи, за да се обиде да го урне приматот на Јувентус во Серија А.
Според медиумите на Апенините, Наполи е подготвен да плати 50 милиони евра за Карим Бензема. Но, тоа не е доволно за раководството на „кралскиот клуб“ да се согласи на продажба на Французинот. Тој има договор до 2021 година и отштетна клаузула од неверојатни 700 милиони евра. „Наполитанците“, според некои предвидувања, ќе треба да понудат најмалку 70 милиони евра, доколку сакаат да го добијат Бензема.
Карло Анчелоти сака да пазари и од Баерн Минхен. Негов „пик“ е дефанзивецот Џером Боатенг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА