Италијанскиот интернационалец Марко Верати најави дека добро ќе размисли дали и понатаму ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен по завршувањето на оваа сезона, а тоа беше знак за неговиот сонародник Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, да почне со подготовка на стратегија за негов ангажман на „Алијанц арена“. Анчелоти е голем фан на играта на Верати, сакаше да го доведе и во Реал Мадрид кога беше на кормилото на „кралевите“, но не успеа, а се надева дека ќе го комплетира неговиот трансфер во Баерн Минхен.
Можно е Тијаго Алкантара да се врати во Барселона ова лето, а Анчелоти сака како замена да го доведе токму Верати. Одличниот плејмејкер од 2012 година го носи дресот на „светците“ и досега има одиграно 127 натпревари, постигнувајќи и четири гола. И тој самиот чувствува дека можеби е дојдено времето за промена на средината.
За Верати постои интерес и од Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер сити, па мисијата за негов ангажман нема да биде нималку лесна за Карло Анчелоти и за Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА