Карло Анчелоти успеа да урне уште еден рекорд во импресивната тренерска кариера, откако со пласманот на Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на Шампионите италијанскиот стручњак повторно ги помести границите во светскиот фудбал.
Елиминацијата на Атлетико Мадрид значи и дека „Дон Карло“ п 15. пат во кариерата ќе води тим во четвртфиналето од ЛШ, нешто што досега му нема успеано на ниту еден друг тренер. Во пресрет на оваа сезона Анчелоти рамо до рамо го имаше Пеп Гвардиола со по 14 четвртфиналиња, но откако Манчестер Сити беше елиминиран токму од Реал, сега италијанскиот стратег е осамен на врвот во оваа категорија.
Легендарниот Сер Алекс Фергусон во кариерата дури 12 пати го водел Манчестер Јунајтед во четвртфиналињата од ЛШ, а по него на оваа ранг-листа следат Жозе Мурињо со осим, Венгер и Симеоне со по седум четвртфиналиња, додека Клоп, Тухел, Бените и Ван Гал по шест пати со своите екипи се пласирале меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА