Анчелоти: Го прашав Камавинга дали сака да игра бек или да седи на клупа? Рече ќе игра бек

Второто коло од Лигата на Шампионите ни носи одличен натпревар во Неапол каде на Наполи утре од 21 часот му гостува Реал Мадрид.

На пресконференцијата за медиуми пред големото дерби италијанскиот стратег на клупата на „кралевите“, Карло Анчелоти говореше за Лука Модриќ, но и за Едуардо Камавинга за кој откри интересна

„Дали ќе игра Камавинга како лев бек? Тој е една од опциите. Добрата работа кај него е што може да одигра на повеќе позиции. Не му е проблем бидејќи ако го прашате дали сака да игра како лев бек или да седи на клупа ќе каже дека сака да игра како лев бек.

Да, играше на таа позиција на претходниот натпревар против Гирона. Менди не играше некое време и мислев да му дадам шанса на Фран Гарсија, но го ставив Винисиус на лево крило и тогаш ви е потребен некој како Камавинга да ја покрие неговата позиција“, откри Анчелоти.

Се вчитува...