Килијан Мбапе синоќа постигна два гола во премиерната победа на ПСЖ во новата сезона, но францускиот голгетер јасно стави до знаење дека нема намера да потпише нов договор со клубот.
„Светците“ се наоѓаат во небрано, свесни дека тој следното лето ќе може без никаква отштета да си замине од Париз, а како единствена можна опција стои летен трансфер во Реал Мадрид. Сепак, шансите за вакво нешто дополнително се намалија откако тренерот Карло Анчелоти објави дека „кралевите“ нема да купуваат нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок.
„Гарантирам 100% – Реал нема да купува играчи до крајот на летово, тоа е веќе договорено“, изјавил Анчелоти за шпанските медиуми.
Претходно беше најавувано дека Реал Мадрид на последниот ден од преодниот рок ќе испрати „земи или остави“ понуда од 120 милиони евра за Мбапе, како притисок врз ПСЖ да мора веднаш да одговори, или следното лето да остане без својот најдобар фудбалер без да заработи ниту едно евро од неговата продажба. Останува да се види дали оваа изјава на Анчелоти е дадена како дел од трансфер-стратегијата на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

