Анчелоти и Бразил постигнале договор, познати се и детали

Карло Анчелоти прифати нов предизвик во кариерата и ќе ја предводи бразилската репрезентација, седнувајќи на клупа на национален тим за прв пат во 30 годишната кариера.

Искусниот италијански стратег ќе започне со работа на новото место уште во месец јуни пред Светското клупско првенство, што е желба на бразилската репрезентација, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Тоа значи дека неговиот мандар во Реал Мадрид ќе заврши со крајот на првенството во Шпанија и „кралскиот клуб“ ќе добие нов предводник за првото Светско клупско првенство во нов формат.

 

Се вчитува...