Судиските одлуки на мечот Реал Мадрид – Алмерија се во фокусот на вниманието на шпанската јавноста и додека гостите се жалат дека биле ограбени, во таборот на Реал очекувано застануваат во одбрана на арбитрите.
„Сите судиски одлуки беа точни. Ги разбирам луѓето од Алмерија дека се разочарани, но судиите беа во право“, изјави Анчелоти, не давајќи дополнителен коментар за очигледниот гол со рака што го постигна Винисиус за израмнување на 2-2.
Во заштита на арбитрите се најде и херојот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, кој го постигна победничкиот гол во 99. минута од овој драматичен натпревар.
„Ако смирено ги погледнете сите ситуации, ќе видите дек сите одлуки на арбитте беа исправни. ВАР многу повеќе му помага на фудбалот, да бидеме искрени“, прокоментира Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

