Синоќа Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2-1 на стадионот „Ванда Метрополитано“.
„Кралевите“ релативно лесно го победија својот голем ривал. Примија гол во финишот што малку го вжешти натпреварот, но на крајот ништо не му дозволија на домаќинот.
Финишот на овој дуел донесе жестоки страсти. Се започна со Дани Карвахал и стартот над Марио Хермос, а неколку минути подоцна играчот на Атлетико беше исклучен.
По натпреварот следеше неспортски потег на Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико одби да се поздрави со Карло Анчелоти и отиде директно во соблекувалната.
По ваквиот расплет на настаните се обрати Родриго и Анчелоти.
„Тие зборуваа многу пред натпреварот, а ние им покажавме кои сме на теренот, кратко прокоментира офанзивецот … Требаше да бидеме пожестоки во вториот дел и да им нанесеме уште поголема болка“, изјави лутиот Карло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

