Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана на страната на фудбалерите во барањето на помалку натпревари во текот на една сезона.
Италијанскиот легендарен тренер е на мислење дека играчите дури се подготвени на намалување на платите, само да имаат помалку натпревари за играње.
„Поплаките нема да го променат календарот на оваа сезона. Важно е да се размисли за ова во идниина, да се разбере дека играчите се уморни. Календарот за оваа сезона нема да се менува, но играчите размислуваат како да ја променат иднината на фудбалот“, изјави Анчелоти и додава:
„Треба да се размислува и за повреди, затоа треба да има помалку натпревари. На играчите не им пречи да ги намалат платите ако играат помалку“, изјави предводникот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА