Анчелоти: Имам добро претчувство за реваншот со Сити

Пред фудбалерите на Реал Мадрид е најтешкиот испит оваа сезона. Гостуваат кај англискиот шампион и најсериозен кандидат за титулата во ЛШ, Манчестер Сити.

Влогот е огромен, пласман во финале во Лигата на шампионите, а после првиот меч 1:1, се почнува од почеток вечерва на „Етихад“.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите очекувања од реваншот. Тој кажа дека има добро претчувство дека тимот може да го добие мечот и да се пласира во уште едно финале во Лигата на шампионите.

„Вообичаено ќе се обидеме да го дадеме најдоброто и како тим и на индивидуално ниво. Мислам дека можеме подобро од првиот меч. Гледајќи го тој натпревар ќе се обидеме да бидеме подобри. Ова е мојата четврта година во клубот. Уживам секој ден работејќи тука. ОВаа година сме на добар пат да дојдеме до нешто важно. Многу сме мотивирани, иако не чека тешка работа. Не размислувам за пенали, ако дојде до тогаш, реалноста е таква што не можете многу да тренирате за такво нешто. Многу сум смирен, возбуден и имам добра верба. Чувствата се измешани имам и добри и лошо. Дека Халанд ќе даде гол, дека Де Брујне ќе погоди од дистанца, Морам да мислам од тоа дека Винисиус ќе дрибла, Карим ќе постигне гол. Имам добро претчувство“, рече Анчелоти.

Се вчитува...