Анчелоти: Имаме мала предност; Симеоне: Сега не размислувам за реваншот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по победата на неговиот тим над Атлетико Мадрид со 2-1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Тој кажа дека неговиот тим загубил многу топки во вториот дел, но дека неговиот тим бил многу подобар ривал во второто полувреме.

„Тежок натпревар, како и секогаш против Атлетико. Губевме многу топки во првиот дел и имавме непотребни грешки. Затоа го примивме голот. Бевме добви во вториот дел. Успеавме да ја искористиме предноста и дојдовме до минимална предност. Тимот беше компактен во целиот натпревар, и тоа ми се допаѓа“, рече Анчелоти.

Диего Симеоне изјави дека неговиот тим и натаму е „жив“ и дека во среда може да биде добра вечер за нив.

„Многу тактички натпревар, во кој двете екипи се обидуваа да доминираат во различни моменти. Почнаа подобро, постигнаа одличен гол. Многу брзо се вративме. Големата заслуга на тимот беше што не се предаде, не падна во онаа етапна страв што доаѓа од толку рано примен гол. Напротив, почнавме да играме, да влегуваме во мечот, повеќе да ја контролираме топката, да влегуваме на противничката половина. Голот на Јулијан дојде во вистински момент“, рече Симеоне и додаде:

„Сега не размислувам за реваншот. Ќе мислам од недела навечер па натаму“, кажа тренерот на Атлетико.

Се вчитува...