Анчелоти иронично: Винициус плачеше 3-4 часа откако дозна дека не е номиниран за најдобрите на ФИФА

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во иронија потенцираше дека неговиот играч Винициус Жуниор бил многу тажен откако дознал дека не е номиниран за наградата на ФИФА „Д Бест“.

Анчелоти објаснува дека левокрилниот играч дури и плачел од тага поради тоа што не бил меѓу номинираните, а потоа се насмеал.

„О, тој беше многу, многу тажен. Плачеше 3-4 часа“, изјави Анчелоти по што тргна да се смее, и беше јасно дека тоа го зборува со иронија.

Се вчитува...