Сезонава е разочарувачка за Баерн Минхен по елиминациите од Лигата на шампионите и од Купот на Германија, но Карло Анчелоти и неговите избраници како утеха освоија нова титула во Бундес-лигата.
Ова е првпат во историјата еден тим пет сезони по ред да триумфира во елитното германско фудбалско друштво, а воедно Карло Анчелоти испиша сопствена историја – како прв тренер што освоил титули во четири од Топ 5 лигите во Европа.
Тој има скудето во Италија со Милан, потоа триумфираше и во Премиер-лигата како менаџер на Челси, по што следеше трофејна сезона со ПСЖ во Франција, за сега да се израдува и на шампионскиот медал во Бундес-лигата.
Интересно, Анчелоти имаше идеална шанса да ја „заокружи петорката“ бидејќи работеше и во Шпанија како стратег на Реал, но со „кралевите“ не успеа да ја симне Барса од тронот на Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА