Анчелоти ја прифати понудата на Наполи?

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти начелно се согласил да го преземе кормилото на калчолигашот Наполи, информираат медиумите на Апенините. Тој ја одби можноста да биде нов селектор на „аѕурите“, истакнувајќи дека ќе има нов клупски предизвик, а „Калчо Наполи 24“ најавува дека договорот може да биде потпишан и многу брзо, до крајот на оваа седмица.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, неколку пати имал телефонски разговори со Анчелоти и соработката е начелно договорена, а завршниот состанок треба да се случи на 21 мај. По ова, се очекува Карло Анчелоти да потпише двегодишен договор со Наполи, откако клубот претходно ќе се раздели со Маурицио Сари, за кого постои интерес од неколку европски клубови.

Се вчитува...