Анчелоти ја разреши дилемата кој ќе брани за Реал во финалето на ЛШ

Карло Анчелоти ги разреши сите дилеми околу составот на Реал Мадрид за утрешното финале од Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд.

Куртоа се рехабилитираше од повредата, но на реваншот со Баерн Минхен повторно шанса доби Лунин, по што се очекуваше Украинецот да се најде на голот и на утрешниот меч на „Вембли“. Сепак, Анчелоти на денешната прес-конференција во Лондон обелодени дека Тибо Куртоа ќе биде задолжен за чување на мрежата на „кралскиот клуб“ против Борусија.

„Лунин беше болен, неколку дена не тренираше. Тој утре ќе допатува и ќе биде заедно со нас, но нема да брани. Тибо Куртоа ќе биде нашиот стартер на голот“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...