Баерн Минхен загуби од Реал Мадрид со 1-2, а Карло Анчелоти беше надмудрен од својот поранешен ученик, Зинедин Зидан. Италијанскиот стратег го признава поразот, но вели дека има уште 90 минути за игра во Мадрид, а ниту тој, ниту Баерн Минхен, не се предаваат по само една загубена битка.
„Реал Мадрид заслужува честитки за триумфот. Одиграа одлично во второто полувреме, но можеше се да биде многу поинаку. Ние не реализиравме пенал, а потоа останавме и со играч помалку. Но, ниту јас, ниту Баерн Минхен, не се предаваме по само еден пораз. Ќе биде тешко да се надомести загубеното во Мадрид, но моите момци имаат капацитет за тоа. Се надевам дека на реваншот ќе го имаме и Роберт Левандовски, многу ни недостигаше на овој меч. Роналдо? Ви кажав дека за нас ќе биде најдобро да остане на клупата. Но, и Зизу знае колку може Кристијано“, изјави Карло Анчелоти на прес – конференцијата по поразот од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА