Се поголеми се тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона, откако каталонскиот гигант тргна во целосен напад врз големиот ривал и кон помошта од судиите со кои според членовите на Барса тимот од Мадрид стигнува до трофеите.
Тренерот Чави вчера повторно жестоко ги критикуваше „кралевите“, а денеска новинарите за одговор го прашаа стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
„Јас сум професионалец и како таков, од почит кон шпанскиот фудбал, нема да паднам на нивото на Чави“, прокоментира Карло Анчелоти.
Реал Мадрид викендов го очекува големото дерби против Атлетико, а италијанскиот стручњак со голема почит говореше за градскиот ривал.
„Ова ќе ни биде трет дуел со Атлетико за кратко време, овие пресметки секогаш прераснуваат во битки што се интересни за гледање. Овојпат ќебиде исто, бидејќи исходот на овој дуел ќе биде исклучително значаен за изгледот на табелата“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

