Карло Анчелоти ја продолжува жетвата на трофеи со Реал Мадрид и го потврдува статусот на еден од најдобри тренери во светскиот фудбал. Италијанецот е препознатлив по својот мирен стил и искреност во односот кон фудбалерите, но Анчелоти не крие дека е исклучително нервозен за време на натпреварите.
Сепак, тој додава дека токму тие моменти му покажуваат дека се уште е максимално мотивирен да продолжи со тренерската работа.
„Не постои живот без притисок, живот без малку стрес. Тоа е се составен дел, нормално дека и јас се нервирам иако можеби на екраните не делувам така. Не гледам на тоа како на проблем, напротив, секогаш е добро да си на готовс, да размислуваш за тоа што може да се случи и да најдеш решение. Слободно можам да кажам, оној ден кога ќе престанам да се нервирам, ќе знам дека ми е дојдено времето да заминам во пензија. Пресреќен сум што во животот имам работа што воедно е и моја страст, но тоа не значи дека не постојат нервози“, истакна Анчелоти.
Тој говореше и за искуството на работа во големите клубови, каде е предводник на екипи преполни со фудбалски суперѕвезди.
„Тешко е да се објасни каков лидер треба да си како тренер. Она што за мене е најважно – мора да најдеш начин да го разберат она што им го зборуваш и да го сменат својот став по тоа прашање, отколку како лидер или тренер да ги натерам само да те послушаат. Лидерот мора да ги слуша и тие луѓе со кои работи, бидејќи знаат да дадат идеи кои ќе бидат од огромна помош. Што ако си шеф, секогаш можеш да научиш нешто ново што ќе ти помогне во иднина“, скромен е како и секогаш Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА