Анчелоти: Крај, нема повеќе да носиме засилувања во Реал Мадрид

Менаџерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти објасни дека нема намера да носи повеќе засилувања во тимот во овој преоден рок. Иако имаше многу шпекулации дека во последните денови од преодниот рок ќе тргне по Килијан Мбапе, сепак, тоа нема да се случи.

Реал Мадрид досега ги донесе Белингем, Хозелу, Гарсија и Гулере, а потоа го зема и Кепа како позајмен на местото на повредениот Куртоа. Исто така се шпекулираше и со носење на стопер како замена за повредениот Милитао.

„Не. Ја исклучувам можноста за нови засилувања. 100% не. Крај, ќе ја одбијам било која понуда до крајот на преодниот рок. Составот е затворен“, рече Анчелоти.

Преодниот рок се затвора во петок на 1. септември во 11 часот, а Реал ќе го задржи актуелниот тим и со него ќе игра барем до крајот на годината.

Се вчитува...