Баерн Минхен денеска и официјално ќе прослави нова шампионска титула на „Алијанц арена“, но мечот против Фрајбург сепак ќе донесе измешани емоции и за фудбалерите и за навивачите. Тоа ќе биде последен меч во кариерата за двајца фантастични фудбалери кои одлучија да му кажат збогум на фудбалот. Капитенот Филип Лам и шпанскиот интернационалец Чаби Алонсо ќе го одиграат последниот фудбалски натпревар.
Тренерот на баварскиот тим, Карло Анчелоти, вели дека овие двајца фудбалери никако нема да може да ги замени за следната сезона.
„Нема замени за Филип Лам и за Чаби Алонсо. Тие се фудбалски уникати, вистински лидери на фудбалскиот терен и вистински професионалци надвор од него. Нивното заминување од фудбалот ќе биде голем хендикеп не само за Баерн Минхен, туку за целиот европски фудбал. Им благодариме за се што направија досега“, изјави Карло Анчелоти, во најава на денешниот последен меч против Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА