Анчелоти: Мечот против Сити требаше да биде финале, но…

Манчестер сити вечерва ќе го пречека Реал Мадрид на домашен терен во првиот меч од плеј-оф фазата во Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти пред мечот изјави дека овие два тима треба да играат финале во ЛШ, но и дека се самите виновни што толку рано ќе се сретнат сезонава.

„Многу е тешко да се предвиди што ќе се случи бидејќи зависи од квалитетот, но од тоа што ќе го оставиме на теренот. Против Сити мора да се игра на високо ниво и треба да ја претставите најдобрата верзија од себе. Да, нема сомнеж дека сум многу подготвен поради историјата што ја имаме со овој клуб. Кога играм нокаут рунда, постои ризик да не помине добро, а тоа зголемува кога ќе се соочите со еден од најдобрите тимови. Ова требаше да биде финале сезонава, но и двата тима сме виновни што се соочуваме толку рано“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...