Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ги одигра сите 90 минути во победата на Реал Мадрид (0-2) на гостувањето против Гетафе во 20. коло од Ла Лига.
Иако се очекуваше да го почне мечот од клупата, Карло Анчелоти се одлучи да му ги даде сите 90 минути. И не погреши. 38-годишниот Модриќ одигра одличен натпревар, по кој воодушевен беше и самиот Анчелоти.
„Лука Модриќ беше совршен, најдобар со топката. Го контролираше цел натпревар, навистина неверојатно добар. Обожавам како игра заедно со Белингам, Винисиус, Валверде… и сета таа нивна поврзаност на терен“ – истакна Анчелоти по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

