Анчелоти: Модриќ е божји дар за фудбалот

Лука Модриќ одигра уште еден брилијантен натпревар во дресот на Реал Мадрид, откако Хрватот со еврогол од 25 метри го отвори резултатот против Џирона и го трасираше патот до заслужената победа.

Комплименти за 39-годишниот ветеран стигнуваат од сите страни, Карло Анчелоти веднаш по мечот изјави дека Лука може да продолжи да игра за Реал се додека самиот Модриќ не реши поинаку, а искусниот стратег неколку часа подоцна се јави со нови пофални зборови за големиот ас.

„Лука Модриќ е божји дар за фудбалот. Веќе реков, може да игра додека тој сака, бидејќи тоа го прави на неверојатно ниво без оглед на возраста. Ние можеме само да бидеме среќни што имаме една таква фудбалска легенда во нашите редови“, изјави Анчелоти.

39-Годишниот Модриќ сезонава има 35 настапи во дресот на Реал, при што забележа четири гола и шест асистенции. Тој има отворена понуда да остане во Реал и следната сезона, од претседателот Перез, а сега и од тренерот Анчелоти, но останува да се види дали Лука ќе реши да игра уште една година или летово ќе му каже збогум на фудбалот.

Се вчитува...