Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше ситуацијата со Лука Модриќ. Прашан од новинарите дали е можно долгогодишниот член на „кралевите“ да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, Италијанецот одговори дека Хрватот веќе решил да остане.
Анчелоти коментираше дека Модриќ во моментов не е среќен во екипата, но дека тоа ќе се смени набрзо.
„Лука Модриќ во Саудиска Арабија? Лука веќе одлучи да остане тука. Не е среќен затоа што не игра. Необично е да се види дека Лука не игра, но ќе добие минути, тоа сигурно. Ќе ни биде од голема корист и во оваа сезона“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

