Реал Мадрид и Аталанта вечерва од 21 часот на „Националниот стадион“ во Варшава, во финалето на Суперкупот на УЕФА.
Натпревар кој светот го очекува и поради официјалното деби на Килијан Мбапе во „кралскиот дрес“, во обидот за нов запишан рекорд на Реал Мадрид. Откако шпанскиот тим минатата сезона дојде до јубилејната 15-та Лига на шампиони совладувајќи ја во финалето Борусија Дортмунд (2-0), вечерва со победа би дошол и до својот шести Суперкуп, со рекорд по број на освоени титули пред Барселона и Милан кои имаат по пет трофеи во Суперкупот.
Покрај настапот на Килијан Мбапе во фокусот кај Реал е и новото засилување, бразилецот Ендрик, кој веќе дебитираше за Реал Мадрид на некои од натпреварите на турнејата во САД.
„Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Мотивирани сме за нов трофеј. Мбапе пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен да игра, како и сите други. Од моментот кога пристигна, тој покажа навистина одлични квалитети“ – вели Анчелоти пред денешниот натпревар во Варшава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

