Реал Мадрид ја запиша првата гостинска победа сезона, со помош на два пенали во Сан Себастијан против Реал Сосиедад.
Тренерот на шпанскиот шампион, Карло Анчелоти, осврнувајќи се на мечот искрено вели дека неговиот тим можеби и не заслужил победа, но бодовите и тоа како се секогаш важни.
„Да бидам искрен, можеби дури и не заслуживме да победиме во еден вака тежок меч во кој Реал Сосиедад играше навистина многу добро. Задоволен сум само од резултатот. Критики за играта ќе има, сега се важни само трите бода“ – истакна Анчелоти по мечот, и дополни:
„Почнавме слабо, противникот направи силен притисок во нашето поле, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Факт е дека не сме 100% подготвени на стартот од сезоната, иако индивидуално фудбалерите постојано се подобруваат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА