Анчелоти најави дека Реал ќе биде сериозно засилен по 20. јануари

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти најави дека неговиот тим ќе биде сериозно засилен по 20 јанари. Како што информираше Анчелоти тогаш повторно во тимот се враќа Давид Алаба.

„Сега имаме покомплетен тим за повеќе ротации, кога ќе се врати Алаба ќе имаме можност да ротираме уште малку во одбраната, позиција на која потфрливме. Тој е многу блиску до подготвеност за играње натпревари, и ќе ни биде на располагање околу 20 јануари“ – изјави трофејниот тренер.

Враќањето на Алаба ќе значи дека Реал Мадрид нема да носи нови лица во соблекувалната како што најави Флорентино Перез.

Австриецот е надвор од терените повеќе од една година. Во декември 2023 година, тој ги скина лигаментите и неговото опоравување траеше доста долго. Неодамна почна да тренира со тимот. Нема да брза да се врати на теренот, а кога ќе почне да игра во континуитет, сигурно ќе биде засилување за „кралскиот клуб“.

Единствен кој би можел да пристигне во Мадрид е Трент Александер-Арнолд, кој има договор со Реал, но за од јуни 2025 кога би пристигнал од Ливерпул како слободен играч.

Се вчитува...