Карло Анчелоти повеќе од заслужено беше избран за најдобар италијански тренер во 2024 година.
На церемонијата што се одржа во тренерската школа Ковертиано, на тренерот на Реал Мадрид му беше врачена наградата „Златна клупа“ (Panchina d’Oro), која традиционално се доделува на најдобриот тренер во Италија и за која гласаат исклучиво тренерите.
„Вистинска чест и голема гордост е да се добие признание од моите колеги. Беше прекрасен ден во Фиренца. Ви благодариме на сите“, напиша Карло Анчелоти.
Во 2024 година како тренер на Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, шпанската Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Интерконтиненталниот куп на ФИФА.
Беше избран и најдобар тренер во Серија А за изминатата сезона 2023/24. Тоа признание отиде кај тренерот на Интер, Симоне Инзаги. Второто место му припадна на Џан Пјеро Гасперини (Аталанта), трето Винченцо Италијано (Болоња).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА